Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол

Slika 6.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце.
Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид.  

Случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин е поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен

ИЈЗ со апел: Празнувајте паметно – внимавајте на храната, алкохолот и пиротехниката

Тешка сообраќајка во Тетово – повредени повеќе лица меѓу кои и две деца