Утрински Весник
Македонија

Царинска управа ги демантира наводите на ВМРО ДПМНЕ

Carina.png

Интегрален текст од соопштение на Царинската управа:

При заедничка контрола од страна на Царинската управа и Министерство за внатрешни работи, извршена на товарно моторно возило – комбе, а поради сомневање на МВР дека во комбето се превезува дрога, екипи на СВР Скопје, заедно со мобилен тим на Царинската управа и царинско куче, утврдија дека во возилото нема наркотични средства.

При дополнителна контрола од царинските инспектори констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото. Поради констатираните неправилности возилото е пломбирано и стоката е привремено задржана од страна на Царинската управа.

По спроведената контрола, Царинската управа во соработка со надлежен јавен обвинител, ќе поднесе соодветна кривична пријава. Дополнително, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа започна постапка со цел да се утврди евентуална одговорност или одредени пропусти на царинските службеници кои ја царинеле стоката.

Апелираме, политичките партии да се воздржат од ширење на непроверени податоци и информации, што можат да наштетат на истрагата. Кога зборуваме за НУЛА толеранција против криминалот и корупцијата, не зборуваме само за декларативни заложби, туку зборуваме за конкретни и веќе преземени чекори кои даваат видливи резултати. Само минатата година, имаме 30% зголемен број на заплени и 60% зголемен број на поднесени кривични пријави. 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер