Утрински Весник
Македонија

Царина спречи обид за криумчарење кокаин, марихуана и стероиди на премин Богородица

540938659 1143852500890203 6721945418992135870 n.jpg

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за криумчарење на наркотични средства пред два дена на граничниот премин Богородица.

При контрола на германско патничко моторно возило комбе, со помош на царинско куче, биле откриени наркотиците во женска чанта на сопатникот, додека двајцата германски државјани се пријавиле за влез во Македонија.


При детален преглед, пронајдени биле три пластични епрувети завиткани во хартиено марамче наполнети со бела прашкаста материја – кокаин, алуминиумска фолија со зелена растителна материја со карактеристичен мирис на марихуана, како и 33 капсули исполнети со бела прашкаста материја од групата стероиди. Дополнително, пред да биде извршен личен претрес, од џеб биле извадени уште шест пластични епрувети со кокаин, кои осомничената се обидела да ги фрли на земја.

Предметот е предаден за вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, а против осомничената е поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

„Преку професионализмот и високата посветеност на царинските службеници во борбата со сите облици на криминал постигнуваме резултати во борбата против нелегалната трговија,“ соопшти Царинската управа.

Можете да прочитате

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

Апел од Алиу: Пријавете неправилности во кардиолошките интервенции