Утрински Весник
Спорт

Бускетс: Кружат многу лажни информации

Бускетс: Кружат многу лажни информации

Шпанските медиуми со денови пишуваат дека ова е последна сезона за тројцата сенатори во соблекувалната на Барселона (Серхио Бускетс, Џерар Пике, Џорди Алба) во клубот. Според овие извори, тренерот Чави, кој голем дел од кариерата беше соиграч тројцата фудбалери, сака на крајот од сезоната да им се заблагодари на тројцата и без нив да тргне во новата ера на Барселона.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на сезоната, Лави, на тројцата им ја намали минутажата.

Сепак, капитенот на Барселона, Серхио Бускетс тврди дека сето тоа е измислено.

„Не можам да кажам ништо на таа тема, бидејќи ништо не се случува и покрај сите тие гласини. Барем ништо официјално. Вистина е само дека ова е последната година од мојот договор со Барселона и сакам целосно да уживам во тоа. Јасно е дека веќе немам 20 години, но во последните денови се појавија многу лажни информации“, изјавил Бускетс за „Марка“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина