Утрински Весник
Спорт

Бускетс ја напушта Барселона на крајот од сезоната

Бускетс ја напушта Барселона на крајот од сезоната

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс одлучил да го напушти клубот на крајот на сезоната. „Ел Национал“, пренесува дека Бускетс кариерата ќе ја продолжи во САД.

dobivaj vesti na viber

Бускетс веќе го известил претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за своите намери.

Поранешниот шпански репрезентативец му порачал на првиот човек на Барселона дека не сака да го продолжи договорот со тимот од Ноу Камп.

Шпанските медиуми пренесуваат дека капитенот на каталонскиот клуб има понуда да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами.

Бускетс (34) е член на Барселона од 2005 година, а за првиот тим на каталонскиот клуб одигра 709 натпревари и постигна 18 голови. Со клубот освои 31 трофеј.

За шпанската репрезентација настапи на 143 натпревари и двапати се запиша во листата на стрелци. Со Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина