Утрински Весник
Свет

Буш: Зеленски е цврсто момче, вистински Тексашанец, Путин е градител на империи

Буш: Зеленски е цврсто момче, вистински Тексашанец, Путин е градител на империи

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш мисли дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е толку цврст што би можел да биде од Тексас.

dobivaj vesti na viber

„Па, тој е цврсто момче, вистински Тексашанец“, рече Буш преку видео врска за време на конференцијата во Киев. Иако Буш е роден во Конектикат, тој пораснал во Тексас, пренесува „Политико“. Буш, исто така, рече дека ќе биде сè потешко да се убедат Американците дека помагањето на Украина е во нивен најдобар интерес.

„Прво и основно, Украина треба да се справи со корупцијата. Неодамнешната реорганизација на владата покажа дека Зеленски сака да го направи тоа“, рече Буш.

Додаде дека го гледа рускиот претседател Владимир Путин како градител на империја кој можеби нема да престане да ја напаѓа Украина.

Според него, ако Путин не биде запрен во Украина, САД ќе мора да се вклучат во помагањето на земјите како Полска, Литванија и Латвија.

„Ситуацијата во Украина е важна за безбедноста на Соединетите Американски Држави. САД сè уште треба да ги поддржат луѓето како Зеленски кога покажуваат храброст“, рече Буш.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме