Утрински Весник
Свет

Бурата Фина остави без електрична енергија илјадници Австралијци

20251123102333 big 730x400 69.webp.webp

Тропскиот циклон синоќа остави илјадници жители на австралиската Северна Територија без електрична енергија.

Бурата од трета категорија Фина, синоќа со брзина на ветерот од 205 километри на час се оддалечи од главниот град на Северна Територија, Дарвин, оставајќи домови и патишта под вода.

Во март, тропскиот циклон Алфред ја погоди соседната држава на Северна Територија, Квинсленд поради што стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија, а беа затворени и училиштата.

Тропските бури од трета категорија, два степена под највисокото ниво на опасност, обично оштетуваат или уништуваат згради, уништуваат посеви, соборуваат дрвја и предизвикуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Дарвин на Божик во 1974 година беше погоден од бурата Трејси, при што загинаа 66 луѓе. Тоа беше една од најразорни природни катастрофи во Австралија.

Можете да прочитате

Ердоган најави разговори со Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море

Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план