Утрински Весник
Свет

Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија

20240919083503 Big 730x400 35.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.

Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта. Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“. – Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година, рече тој.

Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено. Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.

На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства