Утрински Весник
Македонија

Бугарското МНР смета дека забраната за фашистички имиња на здруженија ги ограничува правата на Бугарите во земјава

Министерство за правда: Немаме дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов”

Бугарското Министерство за надворешни работи е загрижено дека ќе се ограничат правата на Бугарите во Македонија, поради законските измени за формирање на здруженија. Оттука дополнително велат дека се загрижени поради попречување на ефективното и целосно спроведување на Договорот за добрососедство.

dobivaj vesti na viber

„Постојат сериозни загрижености дека законските измени се насочени кон дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за кое повод е едностраната интерпретација на историските факти. Легитимниот стремеж за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да биде инструментализиран за намерно ограничување на правата на конкретни заедници“ велат од бугарското МНР.

Македонското Собрание на почетокот од овој месец изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности кои се поврзуваат со фашизам.

Законот ги засегнува бугарските здруженија во земјава, Иван Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид кои имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.

„Бугарските здруженија во Македонија ќе постапуваат според закон, кој предвидува во рок од три месеци да си ги променат имињата. Здруженијата ќе направат сè што е потребно да продолжат да постојат во согласност со сите закони во Македонија“, велат од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски.

Во одговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Фондацијата кажаа дека како земја членка на ЕУ, секогаш постапуваат по закон, и доколку никој не ги обжали на повисоко ниво измените на Законот за здруженија, бугарските здруженија ќе го почитуваат тоа.

Претходно, бугарскиот суд го ликвидираше Здружението за заштита на индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. „Нов Асном” Здружението на Македонците од дијаспората и забранетото македонско здружение, поднесоа претставка во Европската Комисија против Бугарија.

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани да избегнуваат патувања кон Блискиот Исток

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот