Утрински Весник
Македонија

Бугарија со протестна нота, осквернавени биле симболи на гробот на Гоце Делчев

Screenshot 20250518 185033 messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека на амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, ѝ е врачена протестна нота поради случаи на сквернавење на бугарските национални симболи. На средбата меѓу Поповска и Јордан Прванов, генерален директор за европски прашања, била изразена сериозна загриженост поради последователните случаи на сквернавење на бугарските национални симболи на територијата на соседната земја.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, на 4 мај 2025 година, неколку часа по положувањето венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, било откриено дека меѓу многуте положени венци, билe отстранети само лентите со бугарската тробојка на венците.


Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично ги осудува ваквите непријателски дејствија.

„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија очекува властите на соседната земја да преземат потребни мерки за идентификување на сторителите на овие дела и нивно повикување на одговорност, како и за навремено обновување на споменикот морена во неговата автентична форма“, стои во соопштението од бугарското МНР.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе