Утрински Весник
Македонија

Бугарија сака да учествува во процесот на промена на уставот на Северна Македонија

Бугарија сака да учествува во процесот на промена на уставот на Северна Македонија

Бугарија сака да учествува во процесот на промена на уставот на Северна Македонија, коментираше пред новинарите министерот за надворешни работи Николај Милков, пренесува бугарското „БНТ“.

dobivaj vesti na viber

„Во Северна Македонија веќе се дискутираат варијанти на идните текстови за промена на уставот на земјата, а Бугарија сака да биде дел од овој процес, за да може да се одвива без проблеми“, рече тој.

Официјалниот министер за надворешни работи престојува во Брисел, каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО.

Милков вчера разговараше со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и се надева дека Северна Македонија ќе одговори на желбите на партиите и ќе учествува во процесот на промена на Уставот, пренесуваат бугарските медиуми.

Шефот на бугарската дипломатија во изјава за домашните медиуми кажал дека доаѓаат нови контакти во обид да се намали тензијата, но без да се нарушат правата на Бугарите во Северна Македонија.

Според Милков, Бугарија подава рака за да продолжи дијалогот и се надева дека ќе има добра волја и од Скопје.

Можете да прочитате

Нелоски: Татко ми е дел од фирмата што ја споменува СДСМ, но не учествува на тендери

Мицкоски: Не се кријам, часовниците се мои – даноците ќе ги видите

Од утре почнува спортската обнова на кејот – Ѓеорѓиевски и Ристовски со вечерен увид