Утрински Весник
Македонија

Бугарија критички за ставовите на Мицкоски: Преговарањето на обврските може да го одложи пристапот на Македонија во ЕУ

Img 3212.jpeg

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на денешниот говор на премиерот на Република Северна Македонија, оценувајќи дека таквиот пристап ја доведува во прашање европската перспектива на земјата. Во својот став, Министерството предупредува дека обидите за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат до одложување на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

„На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, изјавуваат од министерството, истакнувајќи дека оваа позиција нема да се промени, без оглед дали во Бугарија ќе има преодна или редовна влада.

Министерството, исто така, потсетува дека „непотребните провокации и конфронтации со соседните земји“ досега довеле до значително губење време за Северна Македонија во процесот на отворање на пристапните преговори за ЕУ.

„Официјалната влада на Република Бугарија е легитимна и отворена за дијалог со Северна Македонија, но истовремено нагласуваме дека дијалогот не подразбира повторно преговарање на веќе преземените обврски од страна на Скопје,“ додаваат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Министерството повторува дека европскиот консензус од летото 2022 година ги дефинира сите чекори за напредок во процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Во соопштението се подвлекува и позицијата на Бугарија, наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, како израз на волјата на бугарските граѓани за поддршка на Северна Македонија, под услов соседната земја да ги почитува меѓународните обврски и највисоките стандарди во областа на човековите права.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор