
Бугарија ја продолжува забраната за извоз на инсулини,инсулински аналози и група антибиотици до 23 јануари идната година. Министерството за здравство соопшти дека забраната се уште ќе трае поради проблеми со снабдување, пријавени недостатоци и одбивања од веледрогерии.
Како причини се наведуваат неправилности и доцнење во испораките, како и намалени количини нарачани лекови. Забранет е извоз на инсулин, SGLT2-инхибиторите и лековите на база семаглутит, како и антибиотиците на база азитромицин.
Забраната за извоз на инсулини првпат беше воведена во ноември 2023, а потоа и неколку пати продолжувана.


