Утрински Весник
Свет

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Budizam 3.jpg

Будистичкиот манастир во централен Тајланд е под истрага по откривањето на 41 тело за кои се верува дека биле користени за специјална практика на медитација, соопшти полицијата.

Телата се откриени во саботата во манастирот Па Нахон Чаибоворн во централниот дел на земјата, соопшти полицијата, додавајќи дека кај секое тело биле пронајдени документи – потврда за смрт и потврда за донација на тело.

Полицијата треба да провери кај семејствата на починатите дали доброволно ги дале телата.

„Сакаме да се увериме дека ниедно тело не е украдено“, соопшти полицијата.

Потрагата беше почната неколку дена откако полицијата во средата откри 12 тела во друг манастир во соседна провинција, објавија локалните медиуми.

Поглаварот на манастирот во провинцијата Фичит, каде што беа пронајдени 41 труп, Ајарн Саифон Фандито, рече дека употребата на труповите е дел од „техниката на медитација“ што тој ја развил.

„Многу од оние кои доаѓаат да учат се верници и сите овие монаси го пренесуваат тоа знаење. Не знам колку од нив ја прифатија мојата техника“, рече тој.

Поглаварот на манастирот рече дека „практичарите медитираат во павилјони во кои има ковчези со човечки останки“.

Полицијата во Фичит соопшти дека работи со властите во другите провинции за да утврдат дали оваа практика е широко распространета.

Овој метод на контемплативна медитација со трупови во различни фази на распаѓање се појавила во Тајланд во 18 век и била широко распространет до 20 век кога почнала да исчезнува.

Можете да прочитате

Зеленски по разговор со Трамп: Украина е подготвена за најбрзи можни чекори кон мир

Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул

Птичји грип се појави во Бразил, надлежните велат дека болеста не се пренесува преку храна