Утрински Весник
Скопје

Бујар Османи отвара општинска народна кујна во Топана во соработка со хуманитарните организации

538361054 1350024293145555 5325547619852494939 n.jpg

Со силна порака на солидарност и грижа за најранливите, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку своето редовно лајв обраќање на социјалните мрежи, ја најави иницијативата за отворање на општинска народна кујна во Топана, во партнерство со хуманитарни и невладини организации, финансирана од Општина Чаир.

Османи порача дека вистинското лидерство се мери со тоа колку се грижиме за оние што имаат најмалку, потенцирајќи дека токму Топана, населба позната по своите тешки животни услови, ќе стане симбол на новата општинска политика на човечност и солидарност.


“Топана е една од најсиромашните населби во нашата општина. Луѓето таму живеат во навистина тешки услови. Затоа мора да почнеме од најосновното – храната. Ќе отвориме народна кујна за да им помогнеме на семејствата во потреба, а потоа ќе продолжиме со инфраструктурни проекти за кои веќе имаме конкретен план,” изјави Османи.

Со оваа најава, Османи уште еднаш покажа дека неговата визија за Чаир не е само политичка програма, туку вистинска мисија за достоинствен живот на секој граѓанин. Иницијативата за народната кујна е јасен сигнал дека време е за нова ера во Чаир – ера на хуманост, конкретни дела и блискост со народот

Можете да прочитате

Скопје ќе се кити со 53.000 евра

Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто

82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари со лажна приказна за сообраќајкa