Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Бујар Османи: Од терен и секојдневно ќе ги решавам потребите на граѓаните од Чаир, со личен пример и дисциплина

Bujar osmani.webp.webp
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање, упати силна порака за потребата од дисциплина, систематска работа и лична посветеност како предуслов за вистински промени во општината. Тој предупреди дека Чаир се соочува со опасност од целосен колапс на основните функции на животот, доколку продолжи досегашното неработење и отсуството на визија.

„Чаир за неколку години, ако продолжи вака без визија, ќе остане без патишта, без тротоари, без вода, граѓаните ќе копаат бунари по своите дворови, затоа што нелегалните згради ќе им ја крадат водата. Ќе остане без канализација, без воздух, без основни услови за живот“, предупреди Османи.


Тој нагласи дека на општината ѝ е потребен системски, а не предизборен пристап, отфрлајќи ги сите обвинувања дека неговата активност е само дел од кампањата.

„Овие инспекции не се предизборен трик, туку начин на работа. Сакам да покажам дека е неопходна дисциплина и посветеност ако навистина сакаме нешто да постигнеме“, изјави Османи.

Како дел од својот личен пример, Османи најави дека ќе продолжи секое утро од 5:30 до 7:30 часот да го обиколува Чаир, со цел да ги идентификува проблемите и дефектите во урбаната инфраструктура, за потоа веднаш да им ги достави на службите со конкретни насоки.

„Чаир бара систематски пристап, а не предизборен асфалт на еден месец пред избори, сметајќи дека така ќе може да се манипулираат луѓето“, рече Османи

Османи порача дека дисциплината, интегритетот и визијата се неговиот личен влог за Чаир, а не партиски или лични интереси.

„Чаир бара секојдневна посветеност од првиот ден на мандатот. Влегувам со интегритет, со искуство, со дисциплина и визија за тоа каде треба да стигнеме. Тоа е моето најважно ветување кон граѓаните“, истакна Османи.

Можете да прочитате

Приватните превозници од утре пак ќе возат, попладнево добиле дел од парите

Независни за Центар: Спортот не смее да биде луксуз Да кажеме ДА за спорт достапен за сите

Рампа, 24-часовно обезбедување на Вардариште – протестите продолжуваат, утре средба со Тошковски