Утрински Весник
Македонија

Бујар Османи денеска во работна посета на Атина

Бујар Османи денеска во работна посета на Атина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Хеленската Република.

dobivaj vesti na viber

Централна средба на посетата ќе биде со министерот за надворешни работи на Никос Дендиас, при што во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на Северна Македонија, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

По средбата, министрите, Османи и Дендиас се очекува да имаат и изјави за медиумите.

Во рамки на посетата на Грција, Османи ќе оствари одвоена средба и со министерот за енергетика и животна средина, Костас Скрекас, на која ќе се разменат инфорамции за соработката меѓу двете земји во обаста на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување, информираат од МНР.

Можете да прочитате

63 бели столчиња и 63 бели рози: Кочани се поклонува пред жртвите од „Пулс“

Телефонски разговор на Муцунски со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа

Викендов 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило