Утрински Весник
Спорт

BtoBet со нова технологија за спортско обложување

BtoBet со нова технологија за спортско обложување

BtoBet со нова технологија за спортско обложување Македонската IT компанија BtoBet ја прошири својата понуда со нови софтверски решенија за терминали за самостојно спортско обложување и за продажба преку шалтер, кои за првпат беа прикажани на најпрестижниот светски настан во iGaming индустријата, ICE London 2023. Новите решенија се дополнување на онлајн платформата за спортско обложување и веќепостоечките системи за физичко обложување кои BtoBet ги нуди, и се наменети и прилагодени за зрелите пазари како Европа и Северна Америка.

dobivaj vesti na viber

„Новите решенија за обложување кои BtoBet неодамна ги претстави се резултат на напорната работа на нашите тимови и претставуваат комбинација од најдобрата технологија и човечката техничка експертиза која ја поседуваме. Наша цел е да бидеме прв избор на пазарот за сите оператори кои бараат квалитетни, флексибилни и супериорни перформанси за спортско обложување, без разлика дали го нудат онлајн или преку физичка малопродажна мрежа“, вели извршниот директор на BtoBet, Дима Ридерман.

Покрај обложувалниците со малопродажна мрежа, новите решенија се наменети и за казино операторите кои на своите играчи отсега можат да им понудат и спортско обложување во своите продажни точки, збогатувајќи го нивното играчко искуство, но и зголемувајќи го својот удел на пазарот од аспект на понуда.

Инаку, македонскиот BtoBet е една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија со лидерска позиција на регулираните пазари во Европа, Латинска Америка и Африка. По неодамна стекнатите сертификати и регулаторни дозволи, компанијата е на пат да се позиционира и на просперитетниот северноамерикански пазар, како дел од NeoGames групацијата која котира на њујоршката Nasdaq берза.

(ПР)

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ