Утрински Весник
Македонија

Брзо и без контрола се вози во Битола, за шест часа, полицијата казни 127 возачи

125 санкции за брзо возење

Денеска во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 127 возачи.

dobivaj vesti na viber

„Од нив,88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, највуваат тие.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

45 дела пријавени за наградата „Роман на годината“

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност