Во интервјуто на ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев истакна дека најавата на министерот Бочварски во врска со брза лента на издавање на лични документи ќе биде реализирана, а на барање на професионалните транспортери.
„И пред техничката Влада, кога министер беше Оливер Спасовски, во тој период со одредени институции, компании, соработувавме, кај што им е неопходна брза измена на лични документи. Организиравме групно сликање во старечки домови на пример, носевме базни станици, ова не е ништо ново. Со министерот Бочварски имавме телефонски разговор на кој ме информираше дека ќе пратат допис за кои професионални возачи и тоа ќе го спроведеме. Сите документи ќе ги собере надлежното министерство, ќе имаме пропратен документ до МВР. Тоа не е првпат, сме излегувале и порано во пресрет на различни институции и компании”, рече Бојмацалиев.