Утрински Весник
Македонија

Брза кражба: Во домот на Битиќи за 3-4 минути исчезна сефот 

Img 7970.jpeg

За време на велигденските празници, непознати сторители извршиле кражба во домот на пратеникот Фатмир Битиќи во скопската населба Бутел. Случајот е пријавен во СВР Скопје на 21 април во 11:40 часот.

Според пријавата, во периодот од 7:30 часот на 18 април до 3 часот наутро на 21 април, крадците со употреба на сила и соодветен алат успеале да влезат во домот и да одземат пари и други вредни предмети.


Битиќи за ТВ24 изјави дека инцидентот се случил околу 3 часот наутро и траел само неколку минути.

„Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица – две влегуваат во куќата, едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден – буквално го откорнале. Во сефот имаше пари, но и накит кој имаше сентиментално, семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути реагираше и агенцијата за обезбедување со која е поврзан алармот“, изјави пратеникот.

Битиќи смета дека кражбата не е случајна и дека можеби носи политичка порака. Полицијата работи на расветлување на случајот и идентификација на сторителите.

Можете да прочитате

ДКСК и Обвинителството: Нема злоупотреби при организацијата на ОБСЕ во Скопје

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата