Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Брутални закани упатени до новинарка на “Алсат М”: Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож

Брутални закани упатени до новинарка на “Алсат М”: Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож
300x250 opst2

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитните закани упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

Бехадини денеска се обрати до ЗНМ со пријава дека во последните денови е мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа Фејсбук, но посебно се одвојува една која содржи еклпицитна закана.

Во објавата од извесен профил именуван како Fisnik Hoxha се посочува следната закана: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож” и истата претставува директен повик за физичко насилство кон новинарката Бехадини со што се загрозува нејзината безбедност, а потенцијално и сигурноста на останатите колеги од овој медиум.

Оваа експлицитна закана по животот на новинарката Бехадини е пријавена до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во исто време ЗНМ ќе инсистира на брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на авторот или авторите на оваа закана.

„Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, велат од ЗНМ.

За ваков тип на закани оваа година ЗНМ издаде Протокол за безбедност на новинарките на интернет кој нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на новинарите и медиумските работници со посебен фокус на жените новинарки.

Можете да прочитате

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч