Утрински Весник
Спорт

„Бронзениот бомбардер“ се врати – Вајлдер го „здроби“ Хелениус во првата рунда

„Бронзениот бомбардер“ се врати – Вајлдер го „здроби“ Хелениус во првата рунда

Дионтеј Вајлдер уште еднаш покажа дека останува еден од најопасните боксери во тешка категорија и покрај двата последователни порази од Тајсон Фјури, откако во Бруклин го победи Роберт Хелениус во првата рунда во негов стил со брутален нокаут уште во првата рунда.

dobivaj vesti na viber

Популарниот „Бронзен бомбардер“ се врати во рингот по операцијата на десната рака, неговото главно оружје во рингот, но против шведскиот боксер Хелениус едноставно беше незапирлив.

„Кога го удрив, можете да забележите дека одам на уште еден удар. Не знам дали Роберт ќе биде истиот по овој меч“, изјави Вајлдер, откако Хелениус помина неколку моменти неподвижен на подот.

Американскиот боксер не се откажува од можноста да обезбеди меч против носителите на титулите, Фјури (ВБЦ) и Олександер Усик (ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО) во 2023 година, но други опции се Џо Џојс (14-0), Енди Руиз (35-2) и Џеред Андерсон (12-0).

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина