Студените денови, воздухот загаден со штетни гасови, како и долготрајната изложеност на чад од тутун, се многу погодни за појава на бронхитис.
Болки во грлото, кашлица, покачена телесна температура, но и болки во градите и мускулите, се најчестите симптоми на бронхитис. Пушачите, луѓето склони кон алергии, оние кои страдаат од астма, дијабетес, срцеви заболувања и металоиди се поподложни на бронхитис.
– На акутниот инфективен бронхитис често му претходи настинка или некое друго воспаление на горниот респираторен тракт.Бронхитисот настанува како резултат на инфекција со вируси и бактерии. Најчесто тоа се вируси кои се одговорни за сезонски грип, само кај бронхитис инфекцијата се движи сè подлабоко во респираторниот тракт. Оваа инфекција предизвикува воспалителни процеси на бронхиите и душникот, доведува до создавање и акумулација на секрет во белите дробови, што обично е придружено со силна, иритирачка кашлица- вели Славица Тодоровска, магистер по фармација, менаџер на преставништвото на Хемофарм во Р. Македонија
– Kашлицата на почетокот е сува, но наскоро се појавуваат зголемени количества на густ секрет , а искашлувањето станува сè потешко. Воспалените бронхии предизвикуваат производство на голема количина слуз што се крева нагоре кога кашлате. Кашлањето често може да биде многу напорно, така што некои пациенти чувствуваат горлива болка зад градната коска која се интензивира за време на кашлањето. Затоа е важно, како дел од терапијата, пациентот да прима и лекови кои делуваат на разградувањето на секретот во респираторниот тракт за да се олесни и забрза исфрлањето на акумулираната слуз, која во воспалените бронхии создава погодна средина за репродукција на бактерии, па може да се појави и секундарна бактериска инфекција, како и други компликации– истакнува нашиот соговорник.
Ако адекватно се лекува, акутниот бронхитис поминува во рок од една недела до два дена, иако кашлицата може да биде присутна три недели, па дури и подолго.
– Многу е важно да се започне со терапија веднаш штом се појават првите симптоми, бидејќи една од најчестите последици и компликации на нелекуваниот бронхитис е пневмонијата.Во текот на лекувањето на бронхитис треба да избегнувате пушење, престој во зачадени простории, намалување на физичката активност. и замор. Главната цел на терапијата е да се зачува оптималната функција на дишните патишта и да се вратат во претходната, здрава состојба. Поради нетретиран или недоволно третиран акутен бронхитис, речиси сигурно може да се очекува дека инфекцијата ќе премине во хроничен, потежок облик на бронхитис
– Доколку инфекцијата прерасне во хроничен бронхитис, дишењето станува отежнато, се појавува слабост и отежнато дишење во градите, кашлицата се влошува, а компликациите може да бидат многу сериозни.
– Насобраниот секрет во белите дробови станува гноен и е проследен со упорна, продуктивна кашлица која често предизвикува болка при кашлање. Многу е важно пациентот како дел од редовната терапија да прими препарат, како што е Бисолвон, кој се користи за растворање на секрет при акутни и хронични заболувања на бронхиите и белите дробови и кој ефикасно ќе го промовира разградувањето на тој штетен секрет и негово исфрлање и чистење на белите дробови и бронхиите. Многу е опасно доколку овој гноен, леплив секрет остане долго време бидејќи може да биде погодна почва за развој на многу сериозни инфекции, па дури и сепса. Затоа е многу важно бронхитисот веднаш да се лекува и на тој начин да се спречат сите компликации – предупредува Славица Тодоровска од Хемофарм. Aleksandra Gazivoda
ПР