Утрински Весник
Свет

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41 по смртта на тинејџер во болница

20260201154015 big 730x400 53.webp.webp

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.

Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.

Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.

Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.

Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.

Можете да прочитате

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма

Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби