Утрински Весник
Свет

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Poplavi.jpg

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, вклучувајќи девет деца, соопштија локалните власти. Потрагата продолжува, објави АП.

Властите претходно соопштија дека најмалку 24 лица загинале, вклучувајќи повеќе од 20 девојчиња во летен камп.


Меѓу загинатите беше и Џејн Рагсдејл, директорка и ко-сопственичка на женскиот камп „Срцето на ридовите“ во Хант.

Во округот Кер, Тексас, повеќе од 230 лица се спасени или евакуирани, соопштија властите.

Многу од нив беа спасени со хеликоптер, бидејќи во делови од регионот беа регистрирани врнежи од дожд што се случуваат еднаш во еден век.

Во меѓувреме, потрагата продолжува по повеќе од 20 девојчиња кои сè уште се водат како исчезнати од Камп Мистик, приватен христијански летен камп лоциран покрај река што се искачила за повеќе од шест метри за помалку од два часа.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар