Утрински Весник
Свет

Бројот на загинатите во поплавите во Шпанија се искачи на 73

Acda51da 3c3c 46e3 A96c 64f8b48248a9 W408 R1 S.avif.avif

Најмалку 73 лица загинаа во разорните поплави што ги зафатија југоисточните делови на Шпанија, а по десетици исчезнати лица се уште се трага. Валенсија и околните населени места беа најтешко погодени, а поплавите зафатија и одредени делови на Кастиља-Ла Манча. Прогласена е тридневна жалост.

Се уште се трага по десетици исчезнати лица во Валенсија, како и во Албасете и Куенка. Спасувачите користеле хеликоптери за да извлечат луѓе од поплавените куќи. Граѓаните се уште се апелираат да бидат внимателни.

Водата која течеше низ улиците ја достигна висината на првиот кат од станбените згради, а многумина кои беа заглавени во своите автомобили се качија на покривите на возилата. Некои побарале помош и преку социјалните мрежи.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез изјави дека инфраструктурата која беше уништена во поплавите ќе биде обновена и дека цела Шпанија сочувствува со сограѓаните кои ги бараат своите најблиски, пренесе Ројтерс. Санчез во четврток ќе отпатува за Валенсија.

Возовите од Валенсија до Мадрид и Барселона се откажани, а училиштата и другите институции се затворени во најтешко погодените области.

Министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес најави дека на следната седница на шпанската влада најпогодените подрачја ќе бидат прогласени за зони на елементарни непогоди и прогласи тридневна жалост.

Тоа е најсмртоносната поплава во Шпанија од 1996 година, кога 87 луѓе загинаа во мал град на Пиринеите.

Дождот престана во Валенсија, но невремето, кое се движи кон, се прогнозира да трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен метеоролошки аларм во источниот дел на регионот Валенсија.

Можете да прочитате

Русија го казни Google со луда сума

Голем пожар во Берлин: многу повредени

Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта