Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 лица

Бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 57 лица

Бројот на загинати во железничката несреќа во вторникот во Грција се искачи на 57, изјави судскиот вештак за Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Елени Загелиду, една од десетте вештаци кои работат на истрагата, рече дека ДНК е земена од 57 тела.

Шефот на форензиката Лариса Рубини Леондари рече дека 14 јагленосани тела биле однесени денес во мртовечницата, додека седум биле пронајдени вчера. Во интервју за радиото Реал-ФМ, таа изјави дека во мртовечницата постојано пристигнуваат вреќи со остатоци од тела.

„Од секој екстремитет е земена ДНК, некои веројатно припаѓаат на веќе идентификувани жртви, а некои ќе го потврдат статусот на исчезнатите. Имаме информации дека ДНК анализите добро напредуваат. Досега веќе имаме 14 целосни резултати кои се во процес на идентификација од страна на надлежното лице“, рече Леондари.

Железничарите во Грција денеска стапија во штрајк поради зголемен гнев во јавноста кон властите. Штрајкот уследи по протестите во Атина, Солун и градот Лариса, во близина на местото на катастрофалната несреќа.

Спасувачите се’ уште минуваат низ изгорените вагони во потрага по жртви.

„Ова беше најтешкиот момент, бидејќи наместо да спасуваме животи, мораме да извлекуваме тела“, изјави спасувачот Константинос Иманимидис за „Ројтерс“.

Патнички воз со повеќе од 350 патници директно се судри со товарен воз во вторник вечерта недалеку од градот Лариса. Во моментот на несреќата возовите се движеле во спротивни насоки, но по иста пруга.

Шефот на станицата беше уапсен неколку часа по несреќата.

Многумина од 350-те патници во возот беа студенти, кои се враќаа во Солун по долгиот викенд, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека катастрофата се должи на „трагична човечка грешка“.

Министерот за транспорт Костас Караманлис претходно поднесе оставка и нагласи дека ја презема одговорноста за долгогодишниот неуспех на државата да го поправи железничкиот систем, за кој рече дека не е погоден за 21 век.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години