Утрински Весник
Свет

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово.

dobivaj vesti na viber

„Денес имате ваков ден, убав ден, нешто на што работиме повеќе од две години, воведување директен лет на нашиот авиопревозник со Пекинг. И имаш ситуација некој во Приштина да те врати не во 19, туку во 18 век. Имаме инвеститори, работни места, се повеќе млади луѓе кои се враќаат од дијаспората, а некој постојано ве враќа во 18 век. И мислам дека се што направи Курти е опасност не само за Србите, туку и за Албанците, за цела Европа и дека тоа е политика на 19 век“ – рече Брнабиќ.

Курти не доведе сите до работ на војна. Тоа не го направи сам, истакна таа.

„Имате КФОР и ЕУЛЕКС кои не си ја вршат работата. Тие не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Сега секојдневно гледаме прекршување на кумановскиот и бриселскиот договор. Затоа сме многу блиску до тоа, Вучиќ денеска ќе даде повеќе информации, да побараме враќање на нашите сили на Косово“ – изјави Брнабиќ.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп