Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Верувам дека владата ќе биде формирана во септември

Брнабиќ: Верувам дека владата ќе биде формирана во септември
Dik 300x250 mk

Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.

dobivaj vesti na viber

Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.

„ Од моментот кога ќе ја добиете довербата и ќе бидете назначени за мандатар до моментот кога ќе бидете премиер, има многу работа и многу предизвици. Треба да се завршат и преговорите со коалициските партнери“, рече Брнабиќ.

Според неа, најважно во иднина е Србија да има единство, посветеност и сила.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил