Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Хрватска направи непријателски чин, Вучиќ утре ќе објави важни одлуки

Брнабиќ: Хрватска направи непријателски чин, Вучиќ утре ќе објави важни одлуки

„Забраната за увоз на руска нафта како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска ‘очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза’“, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

dobivaj vesti na viber

„Ќе има уште многу тешки разговори. Вучиќ утре на прес-конференција ќе соопшти некои стратешки одлуки“, изјави Брнабиќ.

Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме“, изјави Брнабиќ за ТВ „Прва“, без да прецизира што ќе значи промената на ставот на официјален Белград и според кого.

„Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е несигурен партнер, несигурен снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели“, рече Брнабиќ.

Taa оцени дека најавата од Европската Унија дека Србија не е изземена од осмиот пакет санкции против Русија и дека не е изземена од одлуката за забрана за увоз на руска нафта практично значи санкции против Србија.

На прашањето дали Србија може без увоз на нафта од Русија, Брнабиќ одговори:

„Можеме целосно без руска нафта“, посочувајќи дека снабдувањето од други извори ќе биде значително поскапо.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70