
Француската актерка Брижит Бардо ќе биде погребана во Сен Тропе, каде што веќе се погребани нејзините родители.
Датумот на погребот сè уште не е прецизиран. Според „Ле Фигаро“, таа изразила желба да биде погребана на нејзиниот имот во Сен Тропе, кој го купила кон крајот на 1950-тите.
„Подобро би почивала таму отколку на гробиштата во Сен Тропе, каде што група идиоти би можеле да ги оштетат гробовите на моите родители и баби и дедовци“, изјави Бардо за „Ле Монд“ во 2018 година.
Бардо почина во недела на 91-годишна возраст во нејзината вила Мадраг во Сен Тропе. Нејзините обожаватели оставија букети цвеќе пред вилата.



