Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс: На лекови сум поради депресија но не „умрев за малку“

Бритни Спирс: На лекови сум поради депресија но не „умрев за малку“

Пејачката Бритни Спирс е бесна поради шпекулациите за нејзиното здравје, и информациите дека „за малку ќе умрела“.

dobivaj vesti na viber

Општо е познато дека Бритни Спирс долги години се бори со психички проблеми, а понекогаш и со злоупотреба на супстанции, која, според ТМЗ, го достигнала својот врв, толку многу што нејзините роднини планирале итна интервенција.

Медиумите наведуваат и дека Бритни за малку ќе умрела, на што пејачката се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм.

„Ми се гади што дури е легално луѓето да измислуваат приказни дека за малку ќе умрев. Доста е“, напиша Бритни меѓу другото, нагласувајќи дека не е 2007 година, туку 2023 година.

Таа открила и дека зема антидепресиви и тоа е се што зема во однос на супстанците.

„Јас сум исклучително досадна личност! Ме фрустрира кога знам дека било кој медиум би рекол нешто од ова! „Тоа е полошо од сурова шега, бидејќи луѓето всушност веруваат во овие работи и сите мои напори да се подобрам со мојата мала рутина на молитва и терапија, се чини дека не се бројат кога луѓето можат да кажат работи што се неверојатно погрешни“, вели Бритни.

Нејзиниот сопруг исто така зборуваше:

„Мојата сопруга целосно го контролира својот живот и ќе продолжи да ги носи сите одлуки што ја вклучуваат нејзината грижа без оглед на околностите. Шпекулациите за нејзиното здравје се несоодветни и треба веднаш да престанат“, додае тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста