Утрински Весник
Свет

Британско разузнавање: Русите во центарот на Бахмут, загрозена западната линија

Британско разузнавање: Русите во центарот на Бахмут, загрозена западната линија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британската разузнавачка служба објави дека Русите најверојатно го освоиле центарот на Бахмут и дека сега се загрозени патиштата за снабдување на украинските сили на запад.

dobivaj vesti na viber

Источниот град е една од последните урбани области на Доњецк што ја издржа руската инвазија. Сега главно претворен во урнатини, центарот на градот е во фокусот на интензивните борби со месеци, пренесе „Б92“

„Клучната украинска рута за снабдување 0506 западно од градот најверојатно ќе биде сериозно загрозена“, предупреди британското разузнавање.

Украинскиот воен експерт Владислав Селезњов претходно изјави дека силите ќе мора да се повлечат доколку способноста за испорака на војската биде дополнително загрозена.

„Ситуацијата е тешка, непријателот концентрира максимални напори за да го заземе Бахмут. Сепак, Украина претрпува сериозни загуби и не постигнува стратешки успех“, изјави за Ројтерс портпаролот на Источната воена команда Сергеј Череватиј.

Претходно оваа недела, Череватиј ги отфрли тврдењата на Кремљ дека подигнал руско знаме над една од административните згради на Бахмут.

„Тие кренаа знаме над некој вид тоалет. Го закачија на којзнае што, ја закачија својата ткаенина и рекоа дека го зазеле градот. Па, нека мислат дека го зазеле“, изјави тој за Ројтерс по телефон.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност