Кога станува збор за непишаното правило дека жените треба да ја скратат косата по одредена возраст, време е да се исфрли застарената книга со правила, вели Кетлин Берд-Мареј.
„Татко ми – поморски офицер – велеше дека должината на косата на жената треба да биде пропорционална со ширината на нејзините колкови. Тој, за жал, одамна почина, но порано сакаше да ја бодри мајка ми (која ја обожаваше) со насмевка секогаш кога ќе видеше дека малку претерала со кратење на фризер. Во реалноста, тој ги сакаше фризурите на својата сопруга и трите ќерки, мешавина од кратки и долги, и беше ужаснат ако некоја од нас земеше метро-лента за да види дали косата ни е пропорционална (со колковите).“
А сепак правилата и понатаму опстојуваат, тврдоглаво, а вниманието што го доби долгата, сребрена коса на Хелен Мирен во Берлин неодамна нѐ потсети дека старата премиса – дека жените на одредена возраст не треба да носат долга коса – нема место во нашиот современ народен јазик, а камоли во денешниот фризерски салон. Присутните беа воодушевени кога Мирен се сврти и одмавна со косата, преплавена со самодоверба и доза на ароганција.
Па, дали конечно тргнавме понатаму? „Мислам дека жените се многу повеќе во склад со своите потреби и желби отколку што некогаш биле“, вели Џоел Гонкалвес, уметнички директор на популарниот лондонски салон Nicola Clarke at John Frieda. „Дури и во споредба со пред 20 години, помалку им пречи притисокот од врсниците и се многу посамоуверени да прават со косата она што нив им се допаѓа.“
Сепак, мора да знаете како да ја носите. Храброста што е потребна да се свртите и замавнете со косата на црвениот тепих целосно зависи од актерката, но долгата коса е сама по себе изјава. И можеби затоа расте нејзината популарност – намерна игра на зборови – барем според неофицијалното истражување што го спроведов кај „Џон Фрида“, каде што тие објавија пораст на оние над 50 кои сакаат да експериментираат со својата коса, која во повеќето случаи е долга.
„Долгата коса по одредена возраст ви дава присутност, наместо невидливост. Станува особина исто толку карактеристична како оние други маркери на кои се потпираме со цел да спречиме, свесно или на друг начин, да бидеме игнорирани,“ објаснува британски „Вог“.