Утрински Весник
Магазин

Британски министер забележан бос во воз, повикан на разговор кај премиерот

20240523102442 Big 730x400 12.webp.webp

Британскиот министер за воени ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето кои го исмеваат – „да пораснат“, откако фотографијата на којашто тој седи бос во воз за Лондон стана хит на интернет.

Сликата прв ја објави лондонски „Тајмс“ (The Times), а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Корисниците на социјалните мрежи потоа го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз. Тој инсистира дека не направил ништо лошо.

– Значи, некој чудак одеше наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа собуени затоа што тукушто пројдов со велосипед низ Дартмур на дождот. И, сега – убијте ме! Или пораснете!, објасни Мерсер.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање се согласи дека „не е в ред да се собувате“ во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за овој случај

Можете да прочитате

Финансиски хороскоп за јули: Еве кои знаци ќе пливаат во пари

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

Почна Петровденскиот пост- еве што не треба да се јаде