Утрински Весник
Македонија

Британски „Metro”: Лабуристите со нов план, барателите на азил да се испраќаат во „балкански центри“

Screenshot 2025 05 19 162101.png

Лабуристичката влада на Велика Британија разгледува планови за испраќање на одбиени баратели на азил во т.н. „центри за враќање“ на Балканот – вклучувајќи ја и Северна Македонија, открива британскиот „Метро“.

Според предлогот, Велика Британија би склучила договори со земји како Албанија, Босна и Северна Македонија, каде што ќе се испраќаат мигранти чии барања за азил биле одбиени. За секој депортиран мигрант, се предвидува британската влада да плаќа на земјата-домаќин.


Метро наведува дека: „Центрите би можеле да примаат лица од земји што Велика Британија ги смета за небезбедни – како Авганистан или Иран – но и од т.н. безбедни земји како Индија или Виетнам.“

Албанија веќе одби да биде дел од такви аранжмани, Велика Британија сè уште преговара со повеќе земји во регионот се наведува во текстот. Плановите се дел од стратегијата на владата на Кир Стармер за справување со зголемениот број мигранти кои пристигнуваат преку Ла Манш.

Претходната конзервативна влада беше остро критикувана поради сличниот договор со Руанда, кој чинеше 700 милиони фунти, но не даде резултати. Лабуристите ја укинаа таа шема, но сега нудат „поомекната“ верзија со третирање само на одбиените апликации – и тоа во „партнерски“ балкански земји, пишува Метро.

Хуманитарните организации и експерти за човекови права жестоко реагираат.

„Триковите што звучат строго нема да функционираат“, вели Енвер Соломон од Советот за бегалци. „Испраќање луѓе во Албанија или друга балканска земја за притвор е неефикасно и нечовечно.“

Пишувањата на „Метро“ потврдуваат дека и Северна Македонија се споменува како потенцијален домаќин на центри за депортација во бритнаските медиуми. Дали има разговори на оваа тема откако земјава потпиша договор? Јавноста има право да знае.

Линк: https://metro.co.uk/2025/03/22/labour-considering-sending-failed-asylum-seekers-balkan-detention-centres-22772061/?ito=article.amp.share.top.twitter&fbclid=IwY2xjawKVU9xleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFUeGVsaUFrcTFSS3lSdXNmAR4Zl3xw__uDEYetIKKy3yb4RtZLrpq5DCZgTMY1EWojARbQuuadJMxRZs7rAg_aem_JJ3I5PABpUsSHleLGEYf9g

Можете да прочитате

Билјана Каракашова Шулев ќе ја менува Димитровска од Антикорупциска додека е под истрага

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Отворена претходна постапка за стечај за градежната фирма „Соравија Инвест“