Утрински Весник
Свет

Британски медиуми: Борис Џонсон ја побарал титулата витез за својот татко Стенли

По оставката на Лиз Трус, Борис Џонсон се врати од Карибите во Британија

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја побарал титулата витез за својот татко Стенли Џонсон како дел од почестите за пензионирање.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на „Тајмс“, списокот на номинации на Џонсон, кој во моментот е во фаза на ревизија на владата, содржи до 100 имиња и е значително подолг од списокот на неговите претходници на премиерската функција – Тереза ​​Меј и Дејвид Камерон.

Во 2021 година пратеничката од ториевците Керолајн Нокс и една новинарка јавно го обвинија Стенли Џонсон, поранешен член на Европскиот парламент, дека ги допирал на конференциите на Конзервативната партија, пренесува медиумот.

Стенли Џонсон ги негира инцидентите велејќи дека воопшто не се сеќава на Керолајн Нокс, објави „Гардијан“.

Борис Џонсон се повлече од премиерската функција во септември минатата година.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци