Утрински Весник
Свет

Британија воведе санкции на Руси, вклучени во депортирањето на украински деца

Британија воведе санкции на Руси, вклучени во депортирањето на украински деца

Британската влада соопшти дека вовела нови санкции, вклучително и против рускиот министер за образование Сергеј Кравцов, поврзани со присилната депортација на украински деца од Москва.

dobivaj vesti na viber

Велика Британија санкционираше 14 лица како одговор на обидите на Русија да го уништи украинскиот национален идентитет, од кои 11 се вклучени во присилното преместување на децата.

„Во неговата застрашувачка програма за присилна депортација на деца и пропагандата исполнета со омраза што ја исфрлаат неговите слуги, ја гледаме вистинската намера на Путин – да ја избрише Украина од картата“, рече британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во изјавата.

„Денешните санкции ги тераат на одговорност оние кои го поддржуваат режимот на Путин, вклучително и оние кои би ја виделе Украина уништена, нејзиниот национален идентитет и иднина избришани.

Руската министерка за култура Олга Љубимова беше санкционирана за давање поддршка за промовирање политики и акции кои ја дестабилизираат Украина или го загрозуваат територијалниот интегритет, соопшти Британија.

Претходно овој месец, Русија соопшти дека на своја територија донела околу 700.000 деца од конфликтните зони во Украина. Од Москва објснија дека програмата за носење деца од Украина на руска територија е за да ги заштитат сирачињата и децата напуштени во зоната на конфликтот.

Сепак, Украина тврди дека многу деца биле незаконски депортирани, а САД велат дека илјадници деца биле насилно отстранети од нивните домови. Украинското Министерство за интеграција на окупираните територии соопшти дека 19.492 украински деца во моментов се сметаат за незаконски депортирани.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија