Утрински Весник
Магазин

Брендан Фрејзер се расплака откако неговиот прв филм по 9 години доби овации

Брендан Фрејзер се расплака откако неговиот прв филм по 9 години доби овации

Брендан Фрејзер повторно беше во центарот на внимание на филмскиот фестивал во Венеција, добивајќи пофалби за улогата во новиот филм на Дарен Аронофски, „Кит“ (The Whale).

dobivaj vesti na viber

Актерот ја задржа присебноста додека чекореше по црвениот тепих на венецискиот фестивал, а во текот на премиерата во киносалата тој се расплака по шестминутните овации од публиката, пишува „Вараети“.

Актерот се држеше далеку од светлоста на рефлекторите откако претрпе физички проблеми од изведување бројни акробации на екранот.

Сега тој се врати на големото платно за улога за која многумина веруваат дека би можела да биде кандидат за „Оскар“. Фрејзер го глуми Чарли, хомосексуалец тежок речиси 136 килограми, кој чувствува дека на неговиот живот му се ближи крајот.

Фрејзер беше толку трогнат од реакцијата на филмот што едвај стана додека публиката аплаудираше откако почнаа завршните шпици на филмот. Во текот на прес-конференцијата, Фрејзер изрази благодарност за топлиот прием.

„Се радувам дека овој филм остави длабок впечаток кај сите како што остави на мене“, рече тој, пренесува „Њујорк тајмс“.

Фрејзер се присети дека морал да носи голема количина на протези, понекогаш тешки и до 150 килограми, за да го портретира Чарли, повлечен лик базиран на театарската претстава Off-Broadway на Семјуел Д. Хантер од 2012 година.

„Морав да научам да се движам на нов начин. Развив мускули кои не ни знаев дека ги имам. Имав вртоглавица на крајот од денот кога ми ги отстрануваа протезите,“ рече Фрејзер.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста