Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Bремето на локални шерифи заврши, вели СДСМ откако МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Кочани

СДСМ и Ковачевски успешно менаџираат со енергетската криза, сите капацитети во погон
Img 7972

ДПМНЕ е криминална партија и тоа е докажано со правосилни судски пресуди. Затоа и не чуди што оваа партија брани лица осомничени за сторени кривични дела како што е последниот случај со нивниот градоначалник на општина Кочани, велат од СДСМ откако претходно денес МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кочани за злоупотреба на службената положба и овластување, односно именување на директор на средно училиште кој немал положено испит во законски утврдениот рок.

dobivaj vesti na viber

„ДПМНЕ раководена од Христијан Мицкоски а длабоко навлезена во режимската матрица мисли дека нивните градоначалници можат да се однесуваат како локални шерифи како што тоа го правеа во време на режимот, па затоа со сите сили се обидуваат да го заштитат нивниот градоначалник кој е осомничен дека ја злоупотребил службената положба.

ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека времето на локални шерифи заврши, денес секој граѓанин, секој функционер без разлика од функцијата што ја извршува и без разлика на партиската припадност одговара пред законите.

Со денешните очајнички обиди за релативизирање на сомневање за сторено крвично дело, Мицкоски и ДПМНЕ само покажаа дека уште се на браникот на криминалот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно излезе со став дека во случајот станува збор за партиски реваншизам, а именуваниот директор не и’ бил по кејф на власта.

Можете да прочитате

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси и тендери