Утрински Весник
Спорт

Брегалница го доведе и Украинецот Степаненко

Брегалница го доведе и Украинецот Степаненко

Украинецот Валериј Степаненко е најновото десетто засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

dobivaj vesti na viber

24-годишниот Степаненко, кој игра на централната дефанзивна позиција, во Брегалница доаѓа од редовите на романскиот Виторул каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно во својата кариера Степаненко има настапи и за украинските Александрија и Оболон, казахстанскиот Мактарал, како и тимот на Калев во Естонија.

Брегалница претходно се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативците на Јамајка, Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, Грузиецот Лука Робакидзе, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина