Бред Пит веќе неколку децении го задржа статусот на најкултната холивудска ѕвезда. Додека се обидуваше да се оддалечи од редуктивната етикета „секс симбол“, Пит испорача одлични изведби во низа филмови како што се „Фајт клуб“ и „Дрвото на животот“, меѓу многу други.
Иако до неодамна беше дел од проекти од висок профил како на пример Bullet Train и Damien Chazelle’s Babylon, актерот навести претстојно пензионирање. На прашањето за неговата одлука да се дистанцира од актерството, Пит откри дека планира да се фокусира на продуцирање филмски проекти.
Во текот на својата кариера, Пит има работено со некои од најголемите имиња во Холивуд, но неговата омилена актерка не е име што би го очекувале.
Пит го сподели своето мислење за ова уште одамна, кога беше прашан за неговите омилени актери.
„Познавам многу малку мажи на кои би сакал да се угледам“, изјави тој за магазинот „Тајгер бит“во една прилика. „Затоа ги ценам постарите филмови бидејќи прикажуваат маж кој се залага за своите принципи. Како Роберт Редфорд. Тој прикажа човек каков што мажите би сакале да бидат, и воедно и каков маж би сакале жените“.
Пит претходно тврдеше дека најголемите ѕвезди не се секогаш „секс симболи“ и покрај тоа што изгледот е голем фактор во Холивуд.
„Кога ќе видите некоја личност, дали се концентрирате само на нивниот изглед? Тоа е само првиот впечаток. Потоа постои она…кога некој не ви фаќа око веднаш, туку разговарате со него и тоа станува најубавото нешто на светот.“
Неговата омилена актерка на сите времиња е жена која не била позната како секс симбол, но Пит вели дека за него, таа сè уште е најубавата жена на екранот.
Станува збор за сега веќе 74-годишната актерка Дајан Вист, која се прослави со улогите во филмовите како Footloose и Edward Scissorhands.
Според Пит, оваа актерка докажала дека е можно една жена да биде убава без да биде ненамерно отфрлена како „секс симбол“ од фановите и критичарите.
Вист доби „Оскар“ за филмовите на Вуди Ален, „Хана и нејзините сестри“ и „Куршуми над Бродвеј“. Други значајни филмови во кои таа глумеше се „Родителство“, „Практична магија“ и „Изгубените момчиња“.