Големото вимблдонско финале во машка конкуренција помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз привлече големо внимание.
На трибините на централниот терен имаше холивудски ѕвезди, познати личности, па дури и членови на британското кралско семејство, кои уживаа во мајсториите на двајцата тенисери.
Бред Пит, Даниел Крег, Ема Вотскон, Идрис Елба, Пријанка Чопра и сопругот Џонас, Аријана Гранде и Ендрју Гарфилд беа меѓу оние што гледаа од трибините додека Ѓоковиќ се обидувашр да ја одбрани титулата.
Оскаровецот Пит минатиот викенд беше во Англија, каде се појави на патеката Силверстоун пред трката за Големата награда на Велика Британија, каде што снимаше сцени за својот претстоен филм „Формула 1“.
А во неделата, 59-годишниот Пит, облечен во тиркизна поло-маица и авијатор-очила за сонце, се појави во Сеанглискиот клуб за тенис на трева и крокет (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон во друштво на холивудскиот режисер Гај Ричи и филмскиот продуцент Џереми Клајнер.
Според светските таблоиди, сите ВИП-гости останаа во сенка на омилениот холивудски актер, кој се чини дека воопшто не старее и ги одушеви сите со својот шармантен изглед.
Камерите го забележаа и Даниел Крег, ѕвездата на серијалот „Џејмс Бонд“, облечен во сив костум и вратоврска на риги, заедно со својата сопруга Рејчел Вајс.