Утрински Весник
Магазин

Бред Пит го продаде својот имот по пониска цена од проценетата

Бред Пит го продаде својот имот по пониска цена од проценетата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бред Пит го продаде својот луксузен имот во квартот Лос Фелиз, Лос Анџелес, каде што живееше со поранешната сопруга Анџелина Џоли и нивните деца.

dobivaj vesti na viber

За куќата, која ја купи за 1.7 милиони долари пред речиси три децении, холивудскиот актер постигнал цена од 39 милиони долари, пренесува „ТМЗ“.

Имотот претходно беше проценет на 45 милиони долари во јануари, но не е познато што предизвикало пад на цената. Имотот кој се простира на речиси четири илјади квадратни метри има сала за бал, скејт парк, кино, базен, тениски павилјон, гаража за мотори, камена куќа и езеро.

Куќата ја купил во 1994 година од Касандра Петерсон и со текот на времето ја проширил градината купувајќи повеќе околно земјиште. Интересно е тоа што кога го купил имотот на хорор иконата Елвира, актерката тврдела дека нејзиниот дом е опседнат од духови.

Пит (59) живееше тука со своето семејство до разводот во 2016 година, а сега наводно сака да се пресели поради неговата нова девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон (29), а јасно е дека не планираат да живеат во таа куќа.

Двојката започна да се забавува во ноември и, според извор близок до ѕвездата, станале многу блиски во последните месеци. Тој веќе ја ја запознал Инес со повеќето од шесте деца што ги има со Анџелина.

Можете да прочитате

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола 

Како правилно да го мерите крвниот притисок и зошто е важно

Чудотворни ефекти на топлата вода: Како секојдневното пиење може да го подобри вашето здравје