Утрински Весник
Свет

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во државата Рио Гранде до Сул

20240507084233 Big 730x400 25.webp.webp

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска побара од Конгресот да прогласи природна катастрофа поради големите поплави што ја погодија најјужната држава Рио Гранде до Сул, при што загинаа осумдесет и пет лица.

Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150.000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита.

Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа.

Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави.

– Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет.

Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови.

– Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој.

Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Според локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај.

– На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места.

Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа. 

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk