Утрински Весник
Свет

Бразилски суд: „Х“ мора да престане да работи во Бразил или да плати казна од 820.000 евра дневно

X.webp.webp

Судијата на бразилскиот Врховен суд Алисандри де Мораис нареди на социјалната мрежа „X“ повторно да го блокира пристапот до нејзината платформа за корисници од Бразил, под закана од дневна казна од околу 820.000 евра.

Некои од 22-те милиони бразилски корисници на платформата вчера беа изненадени кога повторно можеа да пристапат до неа преку своите мобилни телефони. На 30 август, судијата Де Мораис нареди блокирање на социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск поради непочитување на низа судски одлуки поврзани со борбата против дезинформациите.

Во својата одлука, судијата изјави дека компанијата „Х“ не покажала склоност да соработува и покажала „намера да не ги почитува судските наредби“.

Бразилската телекомуникациска агенција АНАТЕЛ денеска соопшти дека „однесувањето на мрежата „Х“ покажа намера да се заобиколи наредбата на Врховниот суд“ и увери дека ќе преземе мерки против понатамошни такви дејства.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме