Барселона е во потрага по напаѓач кој би можел долгорочно да го наследи Роберт Левандовски (34) откако тој ќе одлучи да го напушти клубот или да ја заврши кариерата. Како главен кандидат за тоа се издвојува Витор Роке, 18. годишниот напаѓач на бразилски Атлетико Паранаенсе.
Бразилскиот клуб за својот најголем талент постави цена од 40 милиони евра, што е далеку над она што Барселона може да го плати со оглед на нивните огромни финансиски проблеми.
Како што пишува шпанскиот новинар Тони Хуанмарти, преговорите се уште траат, а Барселона сака да договори со бразилскиот клуб плаќањето да биде во неколку рати.
Иако е способен да на неколку пизиции во нападот, најдобрата позиција на Витор е центарфор, каде што може да го надополни недостатокот на сила со брзина и интелигентно движење и мирна реализација во завршницата.
Токму овие атрибути го привлекоа вниманиетот на неговиот прв тренер во Атлетико, Луис Фелипе Сколари.
„Што и да побараме од него, тој го прави тоа, но неговата најдобра позиција е број 9. Знае да игра на тој дел од теренот, може постојано да наоѓа простор и добро да учествува во другите аспекти на играта“, изјави поранешниот. селектор на Бразил и додаде:
„Тој е оној тип на деветка што не сакав да ми биде противник додека бев играч. Витор ќе се подобри уште повеќе. Тој ќе биде еден од фудбалерите од кои Бразил ќе добие многу, па ќе видиме дали ќе продолжи се развива на позицијата на која игра“.