Утрински Весник
Спорт

Бразил стигна до нов мундијалски рекорд

Бразил стигна до нов мундијалски рекорд

Фудбалската репрезентација на Бразил стигна до минимална победа (1:0) над Швајцарија, со која се пласира во осмина-финалето на мундијалот во Катар. Но, покрај тоа, избраниците на Тите поставија и нов рекорд.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Бразил е во серија од 17 натпревари без пораз во групната фаза на светските првенства.

„Селесао“ може да го подобри тој подвиг бидејќи има уште еден натпревар од групата Г во Катар против Камерун.

Последниот пораз на Бразил во натпревар од оваа фаза на мундијалот беше во далечната 1998 година на шампионатот во Франција кога „кариоките“ загубија од Норвешка со 1:2.

Можете да прочитате

Ставре Јада со прв настап на ЗОИ: Трката ја заврши на 89. место

ЗОИ: Норвешка, Швајцарија и Јапонија најупсешни нации во првите три дена

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул