Утрински Весник
Свет

Бразил прв на ударот на климатските промени

20240723113941 Big 730x400 97.webp.webp

Бразилските метеоролози соопштија дека земјата е на првата линија на климатски промени, бидејќи илјадници луѓе останаа без домови откако јужниот дел на Бразил беше зафатен од поплави, а сега земјата се соочува со рекорден број шумски пожари.

Дождовите во мај предизвикаа поплави во клучниот земјоделски регион при што се уништени огромни делови со посеви, но и оштетени се стотици илјади домови. Сега Бразил се справува со шумските пожари, кои се очекува да се интензивираат во следните месеци поради високите температури и ветровите кои продираат од запад кон север.

Според податоците на бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања од јуни изгорела рекордна површина во Амазон, во саваната Серадо и мочуриштето Пантанал. Во првите шест месеци од годината шумските пожари уништиле 77.448 квадратни километри земја.

Во Пантанал, што покрај Бразил, се простира и во Боливија и Парагвај, само во јуни регистрирани се 2.639 пожари, што е петпати повеќе од претходниот рекорд. Од 1985 година Пантанал изгубил околу 81 отсто од површинските води.

Во извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации за 2022 година се предвидува дека екстремните пожари ќе се зголемат за 14 проценти до 2030 година, за 30 отсто до 2050 година и за 50 проценти до крајот на векот.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж